• вторник, 02 јули 2024

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип, се судрија камион и комбајн

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип, се судрија камион и комбајн
Струмица, 26 август 2020 (МИА) - Од 19:45  часот вечерва во прекин е сообраќајот на патниот правец Радовиш - Штип поради сообраќајна несреќа во која учествувале камион и комбајн. Несреќата се случила во близина на Радовиш, кај селото Тополница, а според првичните информации од СВР Струмица нема загинати,  а повреден е возачот на комбајнот. Според портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска полицијата врши увид на местото на несреќата и се очекува сообраќајот да продолжи да се одвива по алтернативни патишта. рт/дма/  

Остани поврзан