• петок, 22 ноември 2024

Во преговарачката рамка со ЕУ ќе има механизам што ги гарантира правата на Бугарите во Република Северна Македонија, вели министерката Генчовска

Во преговарачката рамка со ЕУ ќе има механизам што ги гарантира правата на Бугарите во Република Северна Македонија, вели министерката Генчовска
Софија, 15 јуни 2022 (БТА/МИА) - Во преговарачката рамка со Европската унија (ЕУ) ќе има механизам кој ги гарантира правата на Бугарите во Република Северна Македонија. Ова го изјави министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска, која пратениците решија денеска да ја слушнат за прашањето со Република Северна Македонија. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации на професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. Министерката Генчовска прескокна дел од своето излагање поради ознаката „строго доверливи“. Ова беше неопходно бидејќи пратениците се согласија да ја слушнат министерката за надворешни работи на отворена седница, откако расправата првично почна зад затворени врати. Генчовска рече дека документот поврзан со т.н. „македонски јазик“, бил депониран во тајната канцеларија на Парламентот. Претседателот на Собранието, Никола Минчев најави дека пратениците можат да се запознаат со него на лице место во тајната канцеларија на Собранието. Теодора Генчовска потсети дека на 5 април годинава советникот за надворешна политика на премиерот испратил свој предлог за ажурирање на Рамковната позиција. - Но, неговата содржина е повеќе ревизија на бугарската национална позиција. Во оваа нова рамковна позиција - проектот не го вклучува бугарскиот став за т.н. „македонски јазик“, рече Генчовска. Барањето за европски гаранции во однос на спроведувањето на Договорот од 2017 година станува неодржливо. Во пракса, овој проект ги комбинира делумните идеи на МНР за имплементација на билатералниот договор, но без јасен механизам во преговарачката рамка за имплементација на договорот, рече министерката и додаде дека како резултат на тоа МНР одлучило дека не може да има белешки на документ кој првично и целосно бил погрешен и го отфрлиле како опција. Според министерката, тоа ја отежнало работата на МНР, бидејќи додека МНР се обидувало да преговара, на друго место се оставил впечаток дека Бугарија може да се согласи на помалку, дека е подготвена за отстапки и дека Министерството за надворешни работи не е важно и нема смисла да се разговара со него. Генчовска во своето излагање истакна дека има четири теми за кои треба да се пријави напредок за да се заштитат бугарските интереси. Меѓу нив, таа ги наведе имплементацијата на Договорот од 2017 година, вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, задржување на позицијата на Бугарија по прашањето за јазикот и вклучување на гаранции за сите овие прашања во преговарачката рамка на ЕУ со РСМ. Министерката Генчовска посочи дека благодарение на заложбите на Министерството за надворешни работи во последните 30 дена, целосно отпадна инсистирањето на Скопје дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ треба да се случи пред крајот на пристапните преговори на РСМ со ЕУ. Во моментов се разговара за неколку опции, а најповолна за Бугарија е вклучувањето на Бугарите во Уставот како услов пред да започне целиот преговарачки процес, а потоа и почеток на меѓувладината конференција. За ова прашање во оваа фаза е потребно целосно политичко решение, кое го надминува МНР, рече министерката Генчовска. Таа нагласи дека за Бугарија е клучно да остане на ставот дека не го прифаќа постоењето на т.н. „македонски јазик“ во технички и историски контекст. Заклучокот што можеме да го извлечеме досега од разговорите со сите земји-членки на ЕУ е дека тие не се во можност да се обврзат да ја прифатат оваа позиција како обврска, рече таа. Претседателството самоиницијативно ги понуди следните гаранции во преговарачката рамка и се согласи да лобира кај другите земји членки по нивното приклучување во ЕУ, додаде Генчовска. Според неа, друга заложба е воведувањето на барање Европската комисија да известува на секоја редовна меѓувладина конференција на ЕУ за спроведувањето на договорот за добрососедство меѓу Бугарија и РСМ. Министерката Генчовска објасни дека според механизмите на ЕУ, Бугарија ќе има збор во подготовката на заедничкиот став на Советот на ЕУ. Во однос на решавањето на прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот, министерката Генчовска истакна дека мора да се донесе политичка одлука. Воведувањето на барање за PCM да презентира, а Советот на Европа да одобри Акциски план за правата на заедниците на нејзина територија е уште едно барање на кое се повикува министерката за надворешни работи. Таа истакна дека останува отворено прашањето за референцата за македонскиот јазик. БТА ___________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан