• петок, 20 декември 2024

Во првите шест месеци од 2023 година во ЕУ регистрирани речиси 1,2 милијарди ноќевања

Во првите шест месеци од 2023 година во ЕУ регистрирани речиси 1,2 милијарди ноќевања

Брисел, 19 септември 2023 (МИА) - Туристичкиот сектор во ЕУ доживува силно закрепнување од последиците на пандемијата од Ковид-19, па така во првата половина на 2023 година се регистрирани милијарда и 193 милиони ноќевања во туристичките капацитети, што претставува најголема бројка во изминатава деценија, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат. 

Ова е за речиси 11 милиони повеќе туристички ноќевања во споредба со првите шест месеци во предпандемиската 2019 година, 718 милиони повеќе во однос на 2020 година, 786 милиони повеќе споредено со 2021 и 136 милиони повеќе отколку во првата половина на 2022 година. 

Раст на бројот на туристички ноќевања во првите шест месеци од 2023 година на годишно ниво бележат сите членки на ЕУ, освен Унгарија каде има намалување за 0,3 отсто. Најголем раст има Кипар од 39,3 отсто, пред Малта од 30,5 и Словачка од 28,7 проценти. 

Ваквиот значителен раст првенствено се должи на зголемениот број на ноќевања на странски туристи од 22,5 проценти, додека растот на бројката на домашни туристи е 5,8 отсто. Од вкупниот број ноќевања, 545 милиони или 46 проценти отпаѓа на туристи од странство. сп/

Фото: МИА Архива/Евростат

Остани поврзан