• недела, 22 декември 2024

Во последните 48 часа, 70 милиони нови корисници се регистрирале на платформата Тредс

Во последните 48 часа, 70 милиони нови корисници се регистрирале на платформата Тредс

Сан Хозе, 7 јули 2023 (МИА) – За помалку од 48 часа, 70 милиони нови корисници се регистрирани на апликацијата Тредс (Threads), што е двојно повеќе од 30 милиони регистрирани во првите 24 часа од лансирањето на апликацијата.

Сопственикот на Мета, кој е сопственик и на „Тредс“, Марк Закерберг, изјави дека тоа далеку ги надминало нивните очекувања.

Тој рече дека сака „љубезноста“ да биде во фокусот на привлечноста на апликацијата, наведувајќи ја загриженоста дека ривалската платформа Твитер, која има повеќе од 250 милиони корисници, станала премногу непријателски настроена кон поединци. јт/

Фото: Фејсбук профил на Закерберг

Остани поврзан