• недела, 24 ноември 2024

Во посета на општина Дебар, Метју Флан политички советник на американската амбасада

Во посета на општина Дебар, Метју Флан политички советник на американската амбасада

Дебар, 10 ноември 2024 (МИА) - Политичкиот советник на американската амбасада во Скопје, Метју Флан, денеска беше во посета на општина Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Хекуран Дука.

Високиот гостин генерално бил заинтересиран за достигнувањата и тешкотиите со кои се соочува општина Дебар, особено во реализацијата на приоритетните проекти поврзани со подобрување на инфраструктурата, како и други прашања.

-Разговорот помина во многу пријателска атмосфера и се остави впечаток дека општина Дебар генерално ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните и дека во иднина ќе дојдат подобри времиња за подобрување на условите и квалитетот на животот во градот, но и во руралните делови на општината, информираа од општината.

Додаваат дека Флан ја поддржал ангажираноста што локалната власт ја прави за граѓаните и понудил уште поблиска соработка помеѓу амбасадата на САД и општина Дебар.

Искажал голема благодарен за гостопримството и го поканил градоначалникот и неговите соработници да ја посетат амбасадата. вт/сст/

 

Фото: општина Дебар

Остани поврзан