• петок, 22 ноември 2024

Во Подгорица средба на Милатовиќ и Спајиќ со Ескобар

Во Подгорица средба на Милатовиќ и Спајиќ со Ескобар

Подгорица, 19 март 2024 (МИА) – Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ вчера во Подгорица се сретна со заменик помошникот на американскиот државен секретар и специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, јавија денеска црногорските медиуми.

На средбите биле потврдени одличните односи помеѓу двете земји и беше истакната силната поддршка од САД за реформските процеси во Црна Гора.

Ескобар повтори дека САД ќе продолжат да го поддржуваат европскиот пат на Црна Гора, „особено во областа на зајакнување на владеењето на правото и независноста на институциите, нагласувајќи ја улогата на Црна Гора како кредибилен НАТО сојузник“.

Ескобар, по средбата со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, повтори дека ја поддржува Црна Гора на нејзиниот  пат е кон ЕУ. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан