Во Пехчево се поврзува доводниот цевковод со филтер станицата
- Започнаа градежните работи за реализација на проектните активности од проектот „Поврзување на доводен цевковод со филтер станицата во Пехчево со постоечки таложник и реконструкција на таложник“.
Пехчево, 2 септември 2023 (МИА) - Започнаа градежните работи за реализација на проектните активности од проектот „Поврзување на доводен цевковод со филтер станицата во Пехчево со постоечки таложник и реконструкција на таложник“.
Проектот, како што информираа од локалната самоуправа, е финансиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, преку апликација доставена од страна на Општина Пехчево.
- Со реализацијата на овој проект, ќе се зголеми времето за технолошкиот третман на водата и ќе се избегнат трошоците за потрошувачката на електрична енергија, што ја користат пумпите за проток на водата преку постоечките филтери, информираа од Општината.
Очекуваат брза реализација на проектот, согласно планираната динамика. - Да се надеваме дека тој план ќе биде исполнет и што побргу ќе ги видиме бенефитите од проектот, додадоа од Општината.
Целосната финансиска конструкција на проектот изнесува 2.100.000 денари. вс/бд/
Фото: МИА