Во пелагониското село Далбеговци засадени 2500 садници бел бор
- Општина Новаци спроведе дводневна акција за засадување садници на отворени површини од атарот на населеното место Далбеговци.

Новаци, 4 март 2025 (МИА) - Општина Новаци спроведе дводневна акција за засадување садници на отворени површини од атарот на населеното место Далбеговци.
Во акцијата се вклучија градоначалникот Стевче Стевановски, вработени во локалната самоуправа, членови на Советот на Општина Новаци и ЈКП ,,Комунална хигиена”, но и ученици од општинското ОУ ,,Славко Лумбарковски” Новаци.
-Во дводневната организирана еколошка акција засадени се 2500 садници бел бор. Пошумувањето е инвестиција во иднината, во здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации. Општина Новаци останува посветена на иницијативи кои ќе придонесат за одржлив развој и еколошка рамнотежа, со активна вклученост на целата заедница, информираа од секторот за односи со јавност.
Општина Новаци ќе продолжи со организирини акции за засадување на дрвца во тој крај за што очекуваат финансиска поддршка од фондовите на ЕУ, потрдија за МИА од тамошната локална самоуправа. мт/дма/
Фото: Општина Новаци