• сабота, 18 мај 2024

Во Париз е уапсен маж кој се заканувал дека ќе употреби експлозив во иранскиот Конзулат

Во Париз е уапсен маж кој се заканувал дека ќе употреби експлозив во иранскиот Конзулат

Париз, 19 април 2024 (МИА) - Париската полиција го уапси мажот кој беше осомничен дека се заканувал дека ќе активира експлозивна направа во иранскиот Конзулат во Париз.

Француската телевизија БФМ претходно објави дека непознато лице влегло во конзулатот, според претходни дојави на очевидци. 

Мажот наводно бил виден со експлозивна направа, граната или бил нареден со експлозив.

Британските медиуми пренесуваат дека во регионот се мобилизирани специјални сили, а од безбедносни причини во прекин се сообраќајот во областа, како и на една линија на метрото. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан