Во Охрид средба на митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј, со епископот г. Партениј
- Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј, денеска ја оствари првата официјална средба со новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија, неговото високопреосвештенство г. Георгиј, објави Бигорски манастир.
Дебар, 18 август 2025 (МИА) - Денеска се оствари средба меѓу новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија, неговото високопреосвештенство г. Георгиј, со епископот антаниски г. Партениј, објави Бигорскиот манастир.
Средбата, којашто се одржала во просториите на светата Митрополија во Охрид, поминала во искрена и конструктивна атмосфера, исполнета со „љубов кон Црквата Христова и со заедничка грижа за спасението на доверениот народ Божји".
Во објавата на манстирот стои дека г. Партениј, во името на целата наша монашка заедница, му посака на митрополитот благословена и плодотворна архиерејска служба, душевно и телесно здравје, просветление и мудрост одозгора, за благобитието на епархијата, на монаштвото и свештенството, на верниците и на сите граѓани.
Во текот на разговорот, владиката Партениј, го запознал Високопреосвештениот со динамиката на мисијата и животот на бугарската монашка заедница, како и со делувањето на светите манастири што се наоѓаат под негово духовно раководство.
-Се молиме и се надеваме дека оваа средба ќе биде почеток на плодотворна соработка, во духот на апостолското единство и евангелската љубов, на духовна полза за народот Христов, и за сите и за сѐ, се наведува во објавата на Бигорскиот манастир. вт/дма/
Фото: Бигорски манастир