• недела, 22 декември 2024

Во Охрид отворена Летната школа по македонски јазик за деца на иселениците

Во Охрид отворена Летната школа по македонски јазик за деца на иселениците

Охрид, 27 јули 2023 (МИА) – Во организација на Агенцијата за иселеништво во Охрид започна Летната школа по македонски јазик за деца на нашите иселеници.

Триесет ученици од Норвешка, Малта, Словенија, Франција, Германија, САД, Русија, Австрија и Србија следните шест дена ќе следат настава по мајчин, македонски јазик, ќе имаат спортски активности, како и посети на културно-историските знаменитости на Охрид.

Учесниците на Школата ги поздрави директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, им заблагодари за интересот за учество и учење на мајчиниот јазик и им посака пријатен и незаборавен престој во татковината. аб/лв/

Фото/Агенција за иселеништво

Остани поврзан