• понеделник, 08 јули 2024

Во Општина Центар прославен роденденот на драмскиот писател Горан Стефановски

Во Општина Центар прославен роденденот на  драмскиот писател Горан Стефановски

Скопје, 27 април 2023 (МИА) – Денеска во општина Центар на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало се одржа прослава по повод роденденот на драмскиот писател Горан Стефановски.

На годинешното одбележување во фокус беше ставена љубовта на писателоот кон рокенролот. 

Беше изведен музичко-драмски перформанс со извадоци од неговата театарска претстава „Лонг плеј“. На перформансот настапија артистот Александар Микиќ, заедно со музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки, во режија на Јордан Симонов.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој истакна дека ќе се погрижи оваа манифестаија да продолжи и во иднина.

-Можеби некој ќе се запраша зошто оваа година се одлучивме да се посветиме на љубовта на Горан  кон рокенролот има две причини.  Првата е дека тој уште од средношколските денови, па се до крајот на неговиот живот го испишувал неговиот музички дневник во кој речито истакнува колку многу му значи рок музиката, тој е еден од ретките колекционери кој имал илјадници плочи уште од 60 години на минатиот век, а втората причина е посветата која професорот ја напишал на драмата на својот некогашен студент, а која гласи „За Јоцо рокерски поздрав од Горан“. Стефановски преку неговите безвременски дела пренесува уиверзални порaки тој создаде уникатни драми во кои создаде национална слика за нашиот народ преку неговите социјални неправди, политички разидувања и стремежот и бората за посветла иднина, истакна градоначалникот.

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Стефановски бил член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а во 2004 година станал член и на Македонската академија на науките и уметностите.

Тој се смета за високо ценет есеист, јавен интелектуалец и предавач, Стефановски објавил трудови на голем број конференции и одржал работилници низ цела Европа. свс/сп/

Фото: МИА

Остани поврзан