• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Општина Новаци се одржа државна калемарска акција на диви овошки

Во Општина Новаци се одржа државна калемарска акција на диви овошки

Новаци, 14 април 2025 (МИА) - Општина Новаци во соработка Народна техника на Македонија и ОО на Црвен крст Битола, како и со поддршка на  ученици од ЦДОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци, средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев” од Битола , студенти и фармери од општината, денеска одржаа калемарска акција на диви овошки.

Во акцијата беа искалемени повеќе од 2000 садници овошки, истакна градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

- Акцијата воедно е и натпревар на калемење односно облагородување на дива круша Горница на која се калемееа сортите Санта Марија, Вилијамовка, Клаповка, Јунска убавица и Боздоганка и дивата слива Џанка на која се калемеа сортите Чачанска Рана, Чачанска лепотица и Пожегача. Со оваа акција се очекува искористување на диворастечката флора што ќе резултира со добивање на квалитетни плодови од еколошки чисто поднебје, а акцентот е токму на крушата која претставува овошје кое недостасува на домашниот пазар. Ваквите акции ќе дадат поттик кај месното население за зголемување на ангажманот и разгледување на можностите за проширување на сопствениот семеен бизнис, заживување на руралните средини и селскиот туризам, практична обука на ученици за калемење и други можности, посочи Стевановски.

Акцијата на калемење и облагородување на повеќе од 2000 круши горници во Битолскиот дел од Мариово почна во 2009 година, а потоа и во други општини и региони низ државата. мт/цр

Фото: Општина Новаци

Остани поврзан