• вторник, 05 ноември 2024

Во општина Маврово и Ростуше утре ќе се спроведе теристичка ларвицидна дезинсекција

Во општина Маврово и Ростуше утре ќе се спроведе теристичка ларвицидна дезинсекција

Дебар, 13 јуни 2024 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше информираше дека во петок ќе биде спроведена теристичка ларвицидна дезинсекција, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општината.

-Се известуваат граѓаните на подрачјето на општина Маврово и Ростуше дека на ден 14 јуни (петок) општината во договор со екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Тетово - Одделение за епидемиологија од Гостивар ќе спроведува теристичка ларвицидна дезинсекција. Дезинсекцијата ќе се врши со УЛВ апарат, а ќе бидат опфатени зелени површини и канали, стои во објавата на општината.

Се напомнува дека поради спецификата на работата активностите ќе се вршат преку ден, почнувајќи од 9 часот. Поради тоа, се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови, како ветар, дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. вт/сст/

фото МИА архива

Остани поврзан