• петок, 22 ноември 2024

Во Општина Градско започна проектот за зајакнување на општинските Совети-фаза 2

Во Општина Градско започна проектот за зајакнување на општинските Совети-фаза 2

Велес, 6 април 2023 (МИА) - Во наредните 15 месеци, Општина Градско ќе работи на подобрување на капацитетите за транспарентно, одговорно и квалитетно испорачување на локалните услуги за граѓаните, во рамките на проектот „Зајакнување на општинските Совети-фаза 2“.

Како што информираат од Општина Градско, втората фаза од проектот за зајакнување на општинските Совети е финансиран од Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а ја спроведува и ко-финансира UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Преку оваа програма Општина Градско обезбеди грант од 30 илјади до 50 илјади долари, за проект кој ќе го изберат жителите на општината, како и 10 илјади до 12 илјади долари кои ќе бидат наменети за дигитална алатка за поголема транспарентност и отчетност. ад/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан