Во Општина Велес во тек е пријавување за учество на Велигденски базар
- Во пресрет на Велигден, Општина Велес организира Велигденски базар на ракотворби. По тој повод се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар, до 20 март.
Велес,18 март 2026 (МИА) - Во пресрет на Велигден, Општина Велес организира Велигденски базар на ракотворби. По тој повод се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар, до 20 март.
Заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица треба да достават копија од лична карта.
Велигденскиот базар ќе се одржи од 4 до 8 април, на тезгите поставени на тротоарот на улица „Благој Ѓорев“, на потегот од постојката кај „Панини“.
Како што наведуваат во соопштението од Општина Велес, со цел избегнување на сообраќаен метеж, сите изложувачи ќе бидат задолжени за почитување на точно утврден термин за достава и собирање на производите.ад/
Фото постер од Општина Велес