• понеделник, 23 декември 2024

Во нов руски напад во регионот Одеса синоќа настрадале четири лица

Во нов руски напад во регионот Одеса синоќа настрадале четири лица

Одеса, 11 април 2024 (МИА) - Четири лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, се убиени во синоќешниот руски ракетен напад врз регионот Одеса, додека седум лица се повредени, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер.

Кипер, преку каналот Телеграм, соопшти дека едно повредено лице е во тешка состојба откако му ги ампутирале нозете.

Екипите за итна помош се излезени на терен, а „лекарите прават се што можат“, додаде тој.

Проектилите, за кои се верува дека се балистички ракети „Искандер-М“, погодиле цели во регионот меѓу 18 и 18,30 часот, а исто така ја оштетиле сообраќајната инфраструктура, вклучително и камионите во близина.

Украинската војска соопшти дека нападот бил насочен кон транспортни објекти, а била погодена и бензинска пумпа, што го зголемува ризикот од експлозии во областа.

Одеса е едно од најфрекфентните украински пристаништа и е честа цел на руските напади за време на 25-месечната војна. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан