• понеделник, 23 декември 2024

Во новиот привремен камп на Лезбос сместени 9.500 бегалци и мигранти

Во новиот привремен камп на Лезбос сместени 9.500 бегалци и мигранти
Атина, 23 септември 2020 (МИА) – Во овој момент имаме 9.500 лица во новиот камп, официјално 2.000 се вон кампот и околу илјада лица во следните денови ќе влезат во кампот, изјави министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ за ситуацијата на островот Лезбос и сместувањето на бегалците и мигрантите во новиот привремен камп, по двата пожари во Морија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Митаракис објасни дека се бара локацијата каде што ќе биде изграден новиот затворен центар на Лезбос. - Нашиот политички избор е да имаме помали центри, со хумани услови за живеење, побезбедни, со безбедносни стандарди за да немаме повторно безбедносни прашања и во внатрешноста и за локалното население Тоа е она што веќе го правиме на Самос, Лерос и Кос, истакна Митаракис. ср/ми/  

Остани поврзан