• понеделник, 23 декември 2024

Во новата индустриската зона Мамутчево годинава ќе започне изградба на индустриските објекти

Во новата индустриската зона Мамутчево годинава ќе започне изградба на индустриските објекти

Велес, 15 јануари 2020 (МИА) - Општина Велес во индустриската зона Мамутчево продаде девет од десетте парцели за градба и остана непродадена само уште една - најголемата од 10 хектари. индустриската зона е лоцирана на 44 хектари  и е во близина на селото  Мамутчево и експресниот пат Велес-Штип.

-На некои многу им се брзало па не ја изготвиле целосната документација, вели градоначалникот Аце Коцевски.

Општината од нив, како што рече, очекува да ги досредат документите, а потоа ќе им ги издаде и одобренијата за градба. Со тоа  во индустриската зона Мамутчево ќе почне изградбата  на повеќе капацитети од лесна и незагадувачка индустрија, а локалната власт очекува  да  се отворат стотици нови работни места.

Инаку во првата фаза изминатото година  над  селото Мамутчево се изгради базен  за вода  од   кој со вода ќе ги снабдува  фабриките во индустриската зона. Најголем дел од средствата за негова изградба  околу седум милиони денари беа обезбедени прелу Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа, а општина Велес учествуваше со  милиони и 750 илјади денари.

Во втората фаза за поврзување на индустриската зона Мамутчево со резервоарот за вода се изгради и цевковод кој беше готов пред Нова година, а    во вкупен износ од 12 милиони  625  илјади  денари  преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој беа обезбедени  седум милиони и 157 илјади денари, а општината  со пет милиони и 468 илјади денари
Овие два проекти општината ги реализира преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.ад/ир

Остани поврзан