• недела, 22 декември 2024

Во Неготино 30 родители на новороденчиња добија ваучери од по 7.000 денари

Во Неготино 30 родители на новороденчиња добија ваучери од по 7.000 денари

Неготино, 7 ноември 2024 (МИА) – Вкупно 30 родители на новороденчиња добија ваучери од по 7.000 денари, информираа попладнево од локалната самоуправа Неготино.

- Денеска во салата на Општина Неготино, градоначалникот Горан Стојанов, на 30 родители кои во изминатиот период добија принова во семејството им додели вредносни ваучери од по 7.000 денари како еднократна парична поддршка за нивните новороденчиња, соопштија од локалната самоуправа.

Средствата во висина од 210.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Неготино.

- Инаку, во изминатиот едногодишен период доделивме вкупно 125 ваучери за новородени деца, за што од општинскиот буџет се издвоени 875.000 денари, соопштија од Општината. свд/ир/

Фото: Општина Неготино

Остани поврзан