• понеделник, 23 декември 2024

Во Неготино се одржаа традиционалните улични трки

Во Неготино се одржаа традиционалните улични трки

Неготино, 7 ноември 2023 (МИА) - Во пресрет на утрешниот празник на Неготино кога се одбележуваат 79 години од ослободувањето, денеска се одржаа традиционалните улични трки. 

Градоначалник на Неготино, Горан Стојанов истакна дека најмалите ученици од четири до шест години во големата група од градинката „Фемо Кулаков” од Неготино, со пригодна прошетка ја отворија традиционалната улична трка.

-Останатите близу двесте ученици од двете основни училишта и средното општинско училиште во Неготино,  земаа учество на традиционалните улични трки кои се организиираа по повод одбележувањето на празникот на градот „8 Ноември", рече неготинскиот градоначалник. 

Тој појасни дека учесниците во трките се натпреваруваа во машка и женска категорија. 

Основните општински училишта „Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“ учествуваа со по 70 ученици, а средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ со 50 ученици. За најдобрите учесници следуваа дипломи и медали, што ги додели градоначалникот Горан Стојанов. свд/фф/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Остани поврзан