• вторник, 26 ноември 2024

Во Неготино работилница од иницијативата „Едно село – еден производ“

Во Неготино работилница од иницијативата „Едно село – еден производ“

Неготино, 24 октомври 2023 (МИА) - „Едно село – еден производ“ е насловена иницијативата во чии рамки денеска беше одржана работилница во Неготино, информираа попладнево од Националната Федерација на фармери на нивната фејсбук-страница.

- Се реализираше првата инфо работилница, каде што беше претставен „едно село – еден производ,“ кој се пилотира и го опфаќа неготинското село Тимјаник за производство на маџун. Оваа иницијатива е дел од проектот „Развој на локалната индустрија во земјоделски региони преку јакнење на капацитетите за управување и маркетинг,“ кој се спроведува од Националната федерација на фармери, со поддршка на JICA. Соработката помеѓу НФФ и JICA произлегува од обука на нашиот тим од НФФ, каде се учевме за методот „едно село – еден производ“, соопштија од Федерацијата.

Оттаму, нагласија дека оваа метода првпат се имплементира во нашата држава преку нивната пилот иницијатива за производство на маџун во село Тимјаник и има за цел да се имплементира и во други региони за различни производи.

- Сите активности се спроведуваат во соработка со општината Неготино и локалното здружение „Шира,“ кое обединува рурални жени кои се посветени на производството на овој вкусен производ. Ова е само почетокот и се надеваме ќе има позитивно влијание врз нашите села и локалната економија, додадоа од Федерацијата. свд/ир

Фото: Фејсбук на Националната Федерација на фармери

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан