• четврток, 22 август 2024

Во Неготино почна изградбата на нов градски пазар, инвестиција над 24 милиони денари

Во Неготино почна изградбата на нов градски пазар, инвестиција над 24 милиони денари

Неготино, 21 март 2024 (МИА) - Нов градски пазар од затворен тип започна да се гради во Неготино, инвестиција вредна над 24 милиони денари. Парите се обезбедени од општинскиот буџет.

Станува збор за простор од околу 800 квадратни метри, а ќе бидат поставени 90 тезги. Рокот за завршување на работите е до четири месеци.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на поставувањето на камен-темелник, најави дека набрзо ќе биде објавен и повикот до општините за проекти што ќе бидат финансирани од централниот буџет. 

- Тоа што го добив како информација од градоначалникот веќе имаме некои такви проекти,  што се во фаза на одобрение за градба, значи веднаш може да се отпочне со процес на тендерирање и процес на реализација на тие проекти. Добро е кога се гради, добро е да си ја развиваме државата затоа што тоа го очекуваат граѓаните од нас, тоа го ветувавме, за тоа и се залагавме, нагласи Мицкоски. 

Градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов рече градскиот пазар што ќе се гради ќе биде модерен и современ според сите стандарди. свд/бак/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан