• петок, 28 јуни 2024

Во Неготино концерт на трио ,,Ad libitum"

Во Неготино концерт на трио ,,Ad libitum
Неготино, 27 април 2022 (МИА) - Во Музеј на град Неготино денеска концерт одржаа триото ,,Ad libitum". Пред присутните се претставија Емилија Кабранова-Филипова на клавир, Силвана Чулева-Атанасова на флејта и Лазар Соколов на кларинет и алт саксофон. - Ова трио постои од 2015 година и има настапувано со самостојни концерти и на  бројни реномирани фестивали во земјава и странство. Овој концерт е во организација на Сојуз на музички уметници, чии членови сме, а е поддржан од Министерството за култура. Денеска настапуваме со две премиерни композиции, покрај другите модерни современи изведби, појаснија членовите на триото. Наредниот концерт на ова тиквешко трио ќе биде во Сремска Митровица, Србија, настап исто така поддржан од Министество за култура. Директорката на музејот, Драгица Чекорова изрази задоволство од интересот за вакви и слични настани и најави уште многу културни содржини за во иднина, како и досега.  свд/цр

Остани поврзан