• понеделник, 23 декември 2024

Во Невада утре продолжува пребројувањето на гласовите

Во Невада утре продолжува пребројувањето на гласовите
Вашингтон, 4 ноември 2020 (МИА) - Во американската сојузна држава Невада пребројувањето на гласовите ќе продолжи утре во девет часот по локално време, објави „Едисон рисрч“. Во Невада останаа да се пребројат гласовите пристигнати на денот на избори и тие што ќе пристигнат следните недели. До сега од 70 отсто од преброените гласови, мала предност има демократскиот кандидат Џо Бајден. Во меѓувреме Си-Ен-Ен објави дека во девет сојузни држави – Алјаска, Аризона, Висконсин, Мичиген, Мејн, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Џорџија, се уште не познато на кого ќе му припаднат гласовите од електоратите. Според досегашните податоци Бајден освоил 224 електорски гласови, а Доналд Трамп – 213, но за победа на изборите неопходно е еден од кандидатите да добие 270 електорски гласови. ми/

Остани поврзан