• сабота, 23 ноември 2024

Во Минхен започна фестивалот на пивото „Октоберфест“

Во Минхен започна фестивалот на пивото „Октоберфест“

Минхен, 16 септември 2023 (МИА) - Во Минхен денеска свечено беше отворен познатиот германски фестивал на пивото „Октоберфест“, јави ДПА.

Точно во 12 часот по локално време, градоначалникот на Минхен Дитер Рајтер официјално го означи почетокот на фестивалот со отворање на првото буре пиво, изговарајќи го традиционалното „Озафт ис“ („Отворено е“ - на баварски дијалект), а потоа му ја предаде првата кригла со пиво на баварскиот премиер Маркус Зодер.

Годинава се очекуваат најмалку шест милиони посетители на светски познатиот фестивал на пивото во Германија. Оваа година фестивалот ќе трае два дена подолго од вообичаеното - тој е продолжен по првиот викенд од октомври до вторник, 3 октомври, кој е и национален празник посветен на германското обединување.

Литар пиво чини меѓу 12,60 и 14,90 евра, што е за околу 6,1 отсто повеќе од претходната година.

За првпат годинава на територијата на фестивалот ќе има бесплатна вода за пиење од четири автомати.

За безбедноста за време на пивофестот ќе се грижат околу 600 полицајци. Повторно, поради безбедносни причини, на фестивалот се забранети поголеми чанти и ранци. На местото на настанот ќе има и 450 болничари и 55 лекари. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан