• четврток, 19 декември 2024

Во Мексико откриени 343 мигранти во напуштена приколка од камион

Во Мексико откриени 343 мигранти во напуштена приколка од камион

Веракруз, 7 март 2023 (МИА) - Мексиканските власти пронајдоа 343 мигранти, меѓу кои 103 малолетници без придружба, во напуштена камионска приколка оставена покрај автопат, соопшти денеска Националниот институт за имиграција.

Како што е наведено, приколката била пронајдена во неделата вечерта во државата Веракруз, која се наоѓа на брегот на Мексиканскиот залив.

Приколката била на рута која често ја користеле шверцерите на луѓе за да ги превезуваат од југоисточниот брег на Мексико на север до границата со САД.

Во минатото, мигрантите беа пронаоѓани во напуштени во приколки за камиони, најчесто мртви.

Во овој случај тие се пронајдени неповредени и во добра состојба, а не е јасно зошто возачот на камионот побегнал, соопшти полицијата.

Приколката имала вградена вентилација на покривот, а мигрантите носеле ланчиња со ознаки во боја за нивна идентификација како клиенти на шверцери.

Возрасните мигранти беа главно од Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор и Еквадор. Повеќето од малолетниците без придружба доаѓаат од Гватемала.

Мигрантите кои успеваат да стигнат до САД честопати им плаќаат на шверцерите да ги испорачаат нивните деца на следното патување. паг/

Остани поврзан