• понеделник, 25 ноември 2024

Во Македонски Брод се одржа манифестацијата Велигденски кули

Во Македонски Брод се одржа манифестацијата Велигденски кули
Кичево, 25 април 2022 (МИА) - Во Македонски Брод и во присуство на голем број локални жители и гости од земјава, денеска се одржа традиционалната манифестација Велигденски кули, која  континуирано трае веќе 15 години. Оваа манифестација финансиски е подржана од Министерство за култура на Македонија. -Како и секогаш и годинава манифестацијата Велигденски кули се одржа на втор ден Велигден. Денеска традицијата беше продолжена со формирање на две Велигденски кули, која почнала  живее во времето на Османлиското царство, а возобновена е последните 15 години, нагласи директорката на Домот на културата во М. Брод, Милена Стојческа. Потсети што се содржела денешната програма која започнала во 12 часот со дефилето на учесниците на концертот кој се одржа пред црковниот храм во градот. -Програмата започна со дефилето на учесниците  на оваа манифестација од Домот на културата до црковниот храм. На концетот покрај локалното културно уметничко друштво „7 Септември“ настапија и фолкорни друштва од  Битола, Новаци, Могила, Брвеница и пејачки групи од Прилеп и Штип. Потоа следеше традиционалниот обичај „Каленчица“ и на крај носењето н Велигденските кули, додаде директорката на домот.за/

Остани поврзан