• вторник, 05 ноември 2024

Во Македонска Каменица продолжува асфалтирањето локални патишта

Во Македонска Каменица продолжува асфалтирањето локални патишта

Македонска Каменица, 19 април 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица продолжува реализацијата на предвидениот план за асфалтирање на локални патишта. Како што објави градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски со последната активност за подобрување на асфалтниот пристап на граѓаните, опфатени се оддалечените делови на градот. 

-Асфалтиран е уште еден локален пат во должина од 500 метри во населено место кај филтер станицата во Македонска Каменица. Продолжуваме со напорите да ги подобруваме условите за секојдневното живеење на граѓаните од сите населени места во Општина Македонска Каменица, истакна Атанасовски.

Деновиве, како што додаде, завршени се или финишираат градежни активности и на други локации во градот и селските средини.

-Кога сме кај градежната офанзива во Општина Македонска Каменица, да споменам дека деновиве заврши асфалтирањето на крак во село Дулица во должина од 400 метри. Исто така започна изградбата на локален пат во населено место кај филтер станицата во село Моштица, додаде Атанасовски.

Активностите со кои општината ќе продолжи да ги решава проблемите на граѓаните во делот на подобрување на патната инфраструктура, како што додаде, продолжуваат и во наредниот период. вс/мд/

Фото: Димчо Атанасовски, градоначалник на Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан