• недела, 07 декември 2025

Во Македонска Каменица продолжуваат градежните активности за нови паркинг простори

Во Македонска Каменица продолжуваат градежните активности за нови паркинг простори

Македонска Каменица, 1 октомври 2025 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски изврши увид во градежните активности за изградба на нов паркинг простор кај детската градинка „Бамби“, со цел подобрување на урбаната инфраструктура. 

-Во изминатиот период, Општина Македонска Каменица реализираше изградба на паркинг простори на повеќе локации, меѓу кои улиците „Илинденска“, „Руенска“, „28 Август“, како и на други места во урбаниот дел од градот и во приградските населби. Овие активности се дел од стратегијата на локалната самоуправа за подобрување на пристапноста и олеснување на сообраќајот во клучните точки на градот, истакна Атанасовски.

Најави продолжување со слични инвестиции во проекти кои произлегуваат од граѓанските реални потреби и барања. 

-Само така можеме заедно да ја развиваме и унапредуваме Македонска Каменица во урбано место каде што сите ќе живееме подобро и поудобно. Овие инфраструктурни проекти ја покажуваат посветеноста на локалната самоуправа кон урбаниот развој и практичните решенија кои одговараат на реалните потреби на граѓаните, изјави градоначалникот, нагласувајќи дека секоја инвестиција е насочена кон директно подобрување на животот на граѓаните.

Со овие активности, потенцираше, дека Општината не само што создава нови паркинг места, туку истовремено работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот, подобрување на функционалноста на градските улици и подигнување на квалитетот на животот на жителите. вс/мд/


Фото: Принтскрин објава на Димчо Атанасовски градоначалник на Македонска Каменица

Остани поврзан