• среда, 20 ноември 2024

Во Лозово по трет пат атлетска трка „11-ти Октомври“

Во Лозово по трет пат  атлетска трка „11-ти Октомври“

Велес, 11 октомври 2024 (МИА) - Трета година по ред  Општина Лозово организира атлетска трка насловена Маратон „11-ти Октомври“ во чест празникот. Покрај главната трка на 15 километри за возрасните мажи и жени ќе учествуваат и деца и млади од 7 до 18 години. Стартот на главната трка, за возрасните на 15 км  е утрово  во 10 часот кај Поштата во Лозово, а веднаш потоа ќе се одржи и детската трка на 100, 200 и 400 метри на кои се пријавени над 80 деца информираат за МИА, од Општина Лозово.

Трка е бесплатна, без котизација, што овозможува слободно учество на секој атлетичар и рекреативец, што ја прави поатрактивна. Воедно  организаторот со поддршка на фирми спонзори  обезбеди и вредни парични и други награди и медали за најдобрите во сите категории.

Патеката за трката Маратон “11-ти Октомври” Лозово 2024 е кружна, при што учесниците на трката на 15 км трчаат еден круг. Стартот и целта на патеката е на ул. “Маршал Тито” бб Лозово, пред Поштата и патеката опфаќа локални асфалтирани и земјени патишта кои поминуваат низ населени места по следниот редослед: Лозово, Милино, Каратманово, Дорфулија, Лозово. Со оглед на тоа што патеката е со должина од 15км, освежителни станици ќе има поставено на повеќе локации долж патеката. Воедно учесниците патеката мора да ја поминат до најмногу 120 минути.

Детската трка на 100 метри ќе започне пет минути покасно кај Поштата во Лозово  и на неа учество ќе земат деца од 7 до 10 години, потоа на 200 метри ќе се натпреваруваат деца од 11 до 14 година и нивниот старт ќе биде во 10:20 часот и на 400 метри за тинејџерите  од 15 до 18 години со старт во 10:40 часот.,

На крајот од трката организаторот Општина Лозово обезбеди и свечено ќе додели  вредни парични и други награди и медали   за  најбрзите тројца учесници во трката на 15 км во две категории, мажи и жени,како и медали во сите три категории  од детската трка. Оваа трка на Општина Лозово е подржана од повеќе спонзори - фирми од Општина Лозово. ад/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан