• петок, 22 ноември 2024

Во летната традиционална акција за крводарување во Велес собрани 47 крвни единици

Во летната традиционална акција за крводарување во Велес собрани 47 крвни единици

Велес, 18 август 2023 (МИА) - Во организација на  Општинска Организација Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје денеска од 9 до 15 часот во Ликовниот салон во Велес се одржа првиот ден од традиционалната летна акција за доброволно дарување на крв во која беа дарувани 47 крвни единици, информира за МИА Орце Николов, секратар на ООЦК Велес. Тој појасни  дека од нив двајца денеска за првпат дарувале крв и со тоа влегле во Друштвото на хуманите.

Акцијата продолжува и во недела 20 август од 9 до 15 часот во Ликовниот салон во Велес.

Воедно ООЦК Велес ги повикува да учествуваат во акцијата сите крводарители и сите граѓани кои се здрави да даруваат крв и со тоа да спасат нечиј живот во опасност.

Летната акцијата за крводарување во Велес е традиционална и најмасовен меѓу велешките крводарители повеќе од 20 години, а рекорд од оваа акција е во една од изминатите години кога биле собрани 386 крвни единици за два дена. ад/сх/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан