• сабота, 21 декември 2024

Во курдска гостилница во Германија наплаќаат дополнително за недојаден оброк

Во курдска гостилница во Германија наплаќаат дополнително за недојаден оброк

Минхен, 6 декември 2024 (МИА) - Готвачка во курдски семеен ресторан во Германија откри дека нивната гостилница наплаќа дополнително ако гостите не го завршат оброкот. Видеото на Тик-ток и Фејсбук собра над 4,6 милиони прегледи.

Микасаханма објасни дека на тој потег се одлучиле поради доста „посебниот концепт“ на ресторанот, каде што гостите за 30 евра можат да јадат колку што сакаат следните 90 минути.

- Ако не можете да ја дојадете храната што сте ја нарачале во нашиот ресторан, тогаш на крајот треба да доплатите... Концептот е „сѐ што можеш да изедеш“, а не „сѐ што можеш да нарачаш“, вели таа.

Многумина се согласија дека тоа е „разумен начин“ да се ограничи фрлањето храна.  си/

Фото: Фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан