Во Кумановско и во Липковско лани имало 682 пожари
- Кумановската територијална противпожарна единица лани интервенирала на двојно повеќе пожари во однос на споредбената 2022 година, информираа денеска надлежните од противпожарната единица.
Куманово, 11 јануари 2024 (МИА) - Кумановската територијална противпожарна единица лани интервенирала на двојно повеќе пожари во однос на споредбената 2022 година, информираа денеска надлежните од противпожарната единица.
Пожарникарите бележат 682 интервенции од кои 92 на објекти, 31 на опожарени моторни возила 412 на отворен простор и 114 останати интервенции (контејнери, кабли), 32 технички и една интервенција како поддршка на тетовските колеги. Во пожарите имало само еден повреден со полесни повреди.
- Статистики гледано во минатата 2023 е поразителна во однос а 2022. Минатата имавме 412 пожари на отворен простор, 2022 – 141, пожар на отворен простор. Три пати повеќе пожари на отворен простор со огромна зафатена површина. Дури и повеќе во однос на 2021 година. Разликата е во тоа што лани гореа сува трева и стрништа речиси цело лето се до средината на октомври, а 2021 имаше шумски пожари. Има неколку атари на села во кумановско и липковско кои се повторуваат. Непријатно сме изненадени од Липково, таму претходните години состојбите со пожари на отворено беа стабилни. Во кумановските села најчесто се повторуваа Романовце, Речица, Табановце … Сè на се лоша година, изјави командирот на ТППЕ, Дејан Илиевски.
Во однос на пожарите на објектите бројката е приближно иста со претходните години и изнесува околу 90-тина, најкарактеристичен беше пожарот на архивските простории на кумановскиот суд.
- Добро сме екипирани, возниот парк е тој што е. Просечната старост е од 35 до 40 години. Лани, имавме почнат проект и годинава треба да о завршиме преку центарот за развој на североисточниот плански регион. Планирана е набавка на три теренски возила за гасење шумски пожари, верувам дека доста ќе ја олеснат работата. Се надевам дека и годинава ќе набавиме и друго, изјави Илиевски.
ТППЕ Куманово е релативно добро снабдено со опрема. Надлежните очекуваат заштитна опрема за гасење на шумски пожари, црвеа, грбни пумпи. Објектот во кој е сместена ТППЕ Куманово е постар објект, изграден на почетокот на 60-тите години од минатиот век, надлежните се обидуваат преку проект да обезбедат средства за санација на објектот. ам/цр
Фото: МИА