• четврток, 09 јануари 2025

Во Куманово ќе се гради уште еден кружен тек

Во Куманово ќе се гради уште еден кружен тек

Куманово, 9 јануари 2025 (МИА) - Кружен тек ќе се гради на крстосницата меѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Доне Божинов“, информираа денеска надлежните од секторот за комунални дејности од Општина Куманово. Кружниот тек ќе го растовари сообраќајот на овој дел од Куманово.

- Избран е економски оператор. Очекуваме согласно договорот да се почне со работа. Додека се изведуваат градежните активности ќе има одредени измени во сообраќајниот режим, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани, изјави помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.

За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 22.599.761.20 денари или над 367.500 илјади евра со вклучен данок на додадена вредност. Ова ќе биде четврт кружен тек во Куманово по трите изградени на булеварот „Октомвриска револуција“, на влезот од Куманово, кај Серава и кај „Митев мост“.  ам/мд/


Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан