• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Крива Паланка се одржа традиционалната франкофонска вечер

Во Крива Паланка се одржа традиционалната франкофонска вечер

Крива Паланка, 15 април 2025,( МИА) - Со сценографија на познатата триумфална порта и Ајфеловата кула во Париз, француски шансони и дијалози на француски јазик синоќа во Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа традиционалната франкофонска вечер во организација на ООУ „Св. Јоаким Крчовски“.

Координатор на настанот е професорката по француски јазик од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски", Елена Николовска, која како амбасадор на францускиот јазик и култура повеќе од една деценија е организатор на франкофонски настани и манифестации за промоција и афирмација на француската култура и јазик во нашата држава.

Настанот е тринаесетти по ред во Крива Паланка,а истиот годинава интегрираше околу стотина млади франкофони што активно го изучуваат францускиот јазик, од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски“, Крива Паланка и ООУ „Илинден“.

-Горда сум на моите ученици чијшто настап , јазични компетенции, вештини за пеење и глума, како и рецитирање на француски јазик, вечерва ја исполнија до последно место салата и ги анимираа присутните со франкофонски содржини, покажувајќи дека интересот за францускиот јазик и култура во градот е на високо ниво, рече Николовска.

Во Крива Паланка ваква манифестација што ги промовира францускиот јазик и култура се одржува секоја година, почнувајќи од 2013-та, на иницијатива на професорката Николовска, пружајќи им можност на сите ученици што го изучуваат јазикот да се претстават со своите способности пред пошироката јавност. 
По настапот се одржа коктел за учениците во Eвропската куќа Крива Паланка, каде им беа  доделени пофалници и награди за учениците, обезбедени од страна на фондацијата „Бел идеал" што овозможува и останати настани и манифестации на кои се промовира француската култура во Република Северна Македонија. ид/мч/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан