• понеделник, 23 декември 2024

Во Крива Паланка се одржа Меѓународниот фестивал "Вечер на осоговски песни"

Во Крива Паланка се одржа Меѓународниот фестивал

Крива Паланка, 6 јули 2023 (МИА) - На сцената на центарот за култура Крива Паланка синоќа одекнаа звуците на тамбури, мандолини и староградски мелос од државата и соседството на Меѓународниот фестивал "Вечер на Осоговски песни".

Фестивалот е во организација на НУЦК, дел од програмата на годинашното "Кривопаланечко културно лето" на Општина Крива Паланка, поддржано од Министерството за култура.

Пред кривопаланечката публика настапија: пејачка група "8 Октомври", "Табиет", Свети Николе, "Ѓурѓа", Делчево, "Распеани Паланчани", Крива Паланка, "Распеани Гевгеличани", Гевгелија и вокално- инструментален состав "Елеганс", Ќустендил, Република Бугарија.

-Граѓаните имаа можност да се потсетат на старата калдрма, на звуците на веселите народни пејачи под чардаците, мелосот и традицијата на градовите и староградските приказни раскажани преку песни и звуци од пејачките групи и вокални состави од градот, државата и соседството, изјави директорот на НУ Центар за култура Крива Паланка, Дарко Стоилковски.

Староградска музика за сите љубители на традицијата од чаршијата и вечерва е на програмата со "Осоговска староградска вечер 2023" во организација на Културно-уметничко здружение "Распеани паланчани", на која покрај домаќинот -организатор, ќе настапат и староградски друштва од Штип и град Шумен, Република Бугарија.

Синоќа поради лоши временски услови настанот се одржа во Центарот за култура, додека вечерва е планирано публиката да ужива во музика на отворено на летната сцена во градскиот парк. ид/сст/

 

Фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан