• петок, 22 ноември 2024

Во Крива Паланка поставени нови контејнери за селектиран отпад 

Во Крива Паланка поставени нови контејнери за селектиран отпад 

Крива Паланка, 4 октомври 2024 (МИА) - Во централното градско подрачје на Крива Паланка на повеќе локации поставени се вкупно 48 контејнери за селектиран отпад. Контејнерите се обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, а се со зафатнина од 1,1 метар просторен.

- Надлежните служби при Општина Крива Паланка во соработка со општинското јавно комунално претпријатие „Комуналец", во централното градско подрачје, долж главната улица „Св.Јоаким Осоговски" поставија соодветни контејнери за селективен отпад, хартија и пластика. Контејнерите се обезбедени од страна на Министерството за животна средина. Сина боја се садовите за хартија, картони, тетрапак амбалажа,  додека жолтите за пластичен отпад: шишиња, чаши и друг вид пластика. Дел од новите контејнери ќе ге ги заменат и старите метални кафези за пластика и хартија. Се молат граѓаните во садовите наменети за селекција на наведените видови отпад,  да не фрлаат односно одлагаат комунален отпад освен отпадот за кој се наменети истите, посочуваат од комуналното одделение во општината.

Оттаму посочуваат граѓаните мешаниот комунален неселектиран отпад задолжително да го одлагаат во постојните метални или зелените контејнери.

-Најстрого е забрането одлагање пепел во пластичните контејнери. Согласно законската регулатива секој создавач на отпад должен е примарно да го селектира отпадот и истиот да го одлага во соодветно поставените садови, додаваат од Општина Крива Паланка. ид/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан