• петок, 22 ноември 2024

Во крводарителска акција во хемиското училиште во Велес собрани 18 крвни единици

Во крводарителска акција во хемиското училиште во Велес собрани 18 крвни единици

Велес, 15 ноември 2023 (МИА) - Во акција за дарување на крв во хемиското училиште ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес денеска беа собрани 18 крвни единици. Во акцијата учествуваа и наставници и ученици, а 11 од нив првпат даруваа крв и така влегоа во Друштвото на хуманите, информира за МИА Орце Николов секретар на ООЦК Велес.

-Со тоа велешките средношколци како и многупати досега ја искажаа својата хуманост на дело да спасат нечиј живот во опасност, потенцира Николов.

Акцијата за дарување на крв е традиционална и беше во рамките на патрониот празник на ССОУ „Димитрија Чуповски“.

Во октомври успешна акција за крводарување со собрани 48 крвни единици беше организирана меѓу средношколците од електро-машинското училиште ССОУ „Коле Неделковски“ а во декември се планира и заедничка на двете училишта Економска и Гимназија,најави Николов.

Ова се втори годинашни акции во велешките четири средни училишта, по успешните кои беа организирани пролетта.

Акциите ги организира Општинската организација на Црвен крст со свои волонтери ученици и медицинска екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, а денешната акција ја предводеше Кире Тодоров. ад/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан