• понеделник, 19 август 2024

Во крводарителска акција во Делчево собрани рекордни 90 крвни единици

Во крводарителска акција во Делчево собрани рекордни 90 крвни единици
Делчево, 6 октомври 2022 (МИА) - Во Делчево денеска е постигнат рекорд на собрани крвни единици. Крв дарувале вкупно 90 лица што годинава е најголема регистрирана бројка на месечно ниво, информира Општинската организација на Црвениот крст. Делчевецот Драган Пешовски кој живее и работи во Англија истакна дека секогаш кога е во родниот град учествува во крводарителски акции. -Дарувам крв од 2002 година и ова ми е 15-ти пат. Дарувањето крв за мене значи спасување човечки живот, секој кој не се плаши нека се обиде, бидејки, како што кажав, секоја капка крв значи спасување човечки живот, истакна Пешовски. За доктор Фикрет Демишовски од Институтот за трансфузија во Скопје, и денешната акција покажа дека делчевци се меѓу најактивните крводарители. -Делчевци секогаш покажуваат дека се хумани и секогаш кога требало излегувале во голем број, така е и овој пат, рече Демишовски. Следната крводарителска акција во Делчево ќе се спроведе во ноември годинава. вс/мч/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан