• понеделник, 29 април 2024

Во крводарителска акција во Велес собрани 158 крвни единици

Во крводарителска акција во Велес собрани 158 крвни единици
Велес, 6 ноември 2022 (МИА) - Во денешната акција за доброволно дарување крв по повод ослободувањето на Велес - 9 ноември, за седум часа беа собрани 158 крвни единици. Меѓу крводарителите имаше 122 мажи и 36 жени, а петмина првпат даруваа крв. Акцијата, која е 15 по ред, ја организираше Мото клубот „Носачи на крстот“ во соработка со велешката Општинска организација на Црвениот крст и Општина Велес. smart Претставникот на велешкиот Црвен крст, Орце Николов во изјава за МИА оцени дека денешната акција е една од поуспешните овогодишни крводарителски акции меѓу граѓаните на  Велес. - Како и многупати на ваквите бројни акции и денеска велешани во голем број  се вклучија и дадоа свој придонес за успешна акција, а со тоа докажаа дека во изминатите години и се уште се на врвот на најхуманите во земјава, потенцира Николов. smart При крводарителската акција на велешките моторџии од „Носачи на крстот“ одржана на 10 ноември 2021 година беа собрани 173 крвни единици, а во пролетната 171 крвна единица. вд/сп/

Остани поврзан