• среда, 28 август 2024

Во крводарителската акцијата во Велес за два дена собрани 172 крвни единици

Во крводарителската акцијата во Велес за два дена собрани 172 крвни единици

Велес, 20 август 2023 (МИА) - Во крводарителската акцијата во Велес, во организација на општинската организација на Црвениот крст од овој град и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, за два дена биле собрани вкупно 172 крвни единици. Денеска од 9 до 15 часот во Ликовниот салон во Велес беа дарувани 125 крвни единици, а во петокот 47, информира за МИА Орце Николов, секретар на ООЦК Велес.

- Велешките крводарители и на годинашната летна традиционална акција за доброволно дарување крв, по којзнае кој пат ја искажаа хуманоста на дело и потврдија дека со години наназад се на водечкото прво место на хуманоста во земјава, потенцира Николов.

Со акцијата денеска раководеа докторите од Институтот за трансфузиона медицина д-р Ефтим Димитровски и д-р Кирил Лазов, а во петокот д-р Кирил Тодоров. Тие како и на секоја акција вршеа медицински прегледи на секој потенцијален крводарител за да констатираат дали е сосема здрав за да дарува крв.

Летната акцијата за крводарување во Велес е традиционална и најмасовна меѓу велешките крводарители повеќе од 30 години, а рекорд на акцијата во 2010 година беа за два дена собрани 382 крвни единици. ад/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан