• сабота, 04 мај 2024

Во кочанскиот регион до 17 часот гласале околу 41 отсто од запишаните гласачи

Во кочанскиот регион до 17 часот гласале околу 41 отсто од запишаните гласачи

Кочани, 24 април 2024 (МИА) – Излезноста до 17 часот на 113 избирачки места во четирите општини во кочанскиот регион во просек е околу 41 отсто.

Според информацијата од Општинската изборна комисија во Кочани на два часа пред затворањето на 63 избирачки места гласале вкупно 12.695 граѓани, односно 39,16 отсто од запишаните гласачи.

Во соседната општина Виница до истиот период својот глас го дале 6.974 или 40,93 отсто гласачи, а во Чешиново-Облешево 2.287, односно 44,62 отсто. Во Зрновци излезноста е слична на просекот во микрорегионот и своето избирачко право го оствариле 981 или 39,19 отсто од гласачите.

Во текот на изминатите десет часа од изборниот процес, општинските изборни комисии во четирите општини од регионот не регистрирале поголеми проблеми.та/са/

Фото: МИА

Остани поврзан