• понеделник, 23 декември 2024

Во Косово десет починати и рекорден број на новозаболени во изминатите 24 часа

Во Косово десет починати и рекорден број на новозаболени во изминатите 24 часа

Приштина, 28 март 2020 (МИА) - Во Косово во изминатото деноноќие се регистрирани нови десет смртни случаи и 914 заболени од Ковид-19, со што бројката на жртви на пандемијата достигна до 1.840 од вкупно 8.981 лице кај кои е откриен коронавирусот од појавата на првите случаи пред една година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според официјалните сттистики на косовските здравствени власти, бројот на новозаболени во еден ден е највисок од појавата на пандемијата.

Вчера се извршени 4.733 тестови на случаи за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот (речиси 415.000 од почетокот на панемијата), а како излекувани се евидентирани 602 пациенти.

Вклучително вчерашните официјални информации, бројот на лица кои ја совладале болеста достигна до 72.415, додека активни носители на вирусот моментно во Косово се 13.726 лица. иа/ми/

Остани поврзан