• петок, 22 ноември 2024

Во Комисијата за прашања на избори и именувања треба да продолжи расправата за избор на уставен судија

Во Комисијата за прашања на избори и именувања треба да продолжи расправата за избор на уставен судија

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја продолжи расправата за избор на судија во Уставниот суд.

Расправата почна вчера, а предложени се четворица кандидати - професорите Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Родна Живковска и Саво Климовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и долгогодишниот судија и обвинител Тодор Витларов.

Професорката Дабовиќ Анастасовска е на предлог од владејачкото мнозинство, додека, останатите тројца се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Од сите четири кандидати, треба да биде избран само еден.

Предлогот за нов уставен судија е поради испразнетото место на судијата Јован Јосифовски, чиј мандат истече во јануари 2022 година. фф/бак/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан