Во кичевско во повисокте региони снежната покривка 15 сантиметри
- Жителите на Кичево и околината од изутрината уживаа во снежната белина и вториот ден од пролетта, наместо со расцветани стебла го дочекаа со силни врнежи од снег, кој во повисоките региони до
Кичево, 21 март 2021 (МИА) - Жителите на Кичево и околината од изутрината уживаа во снежната белина и вториот ден од пролетта, наместо со расцветани стебла го дочекаа со силни врнежи од снег, кој во повисоките региони достигна височина од 15 сантиметри, додека во пониски делови снежната покривка изнесува пет сантиметри.
Сообраќајот се одвива по влажни коловози и во зимски услови, сите патишта во општината се проодни, единствено преку планинските превои сообраќајот се одвива отежнато и е неопходна зимска опрема.
Од комуналното претпријатие „Комуналец“ истакнуваат дека нема потреба од интервенирање на градските улици со абразивни средства и употреба на машини за чистење на снегот, бидејќи по два часа поголемиот дел на снегот од подлогата се стопи.
-Снегот не е добредојден за овошките кои почнаа да цветаат а тоа се однесува првенствено на кајсиите и останатите овошки кои најрано цветаат. И годинава може да сметаме дека ќе има целосно потфрлање на родот кај поедини видови, вели овоштарот Томе Велјаноски.
Снегот се топи на сите коловози и нема потреба од дополнителна интервенција и на патиштата до повисоките селски населби до каде може да се стаса и со автомобил. за/свс/