• понеделник, 25 ноември 2024

Во Кенија продолжен полицискиот час уште 30 денови

Во Кенија продолжен полицискиот час уште 30 денови
Најроби, 27 јули 2020 (МИА)  -  Претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата, го продолжи полицискиот час на уште 30 дена, а продажбата на алкохол во рестораните е забранета поради, како што рече, несовесно однесување на граѓаните додека расте бројот на заразени со новиот коронавирус. Висок африкански службеник за здравство изјави пред неколку дена дека бројот на новозаразени лица во Кенија расте „многу, многу брзо“. Повеќе од 17.000 луѓе се заразени уште од почетокот на епидемијата. Кенијата рече дека во Кдржавата, релативно ниската стапка на смртност (околу 1,6 проценти) им обезбедила на луѓето „лажна утеха дека тоа не е сериозен ризик по здравјето“. Тој предупреди дека доколку дојде до голема криза поради вирусот, економијата, инвестициите и туризмот ќе бидат загрозени. зш/

Остани поврзан