• петок, 10 јануари 2025

Во катастрофалните пожари во Лос Анџелес изгорела и куќата на Хантер, синот на претседателот Џо Бајден

Во катастрофалните пожари во Лос Анџелес изгорела и куќата на Хантер, синот на претседателот Џо Бајден

Вашингтон, 9 јануари 2024 (МИА) - Домот на Хантер Бајден, синот на претседателот на САД, Џо Бајден, бил уништен во катастрофалните пожари во Лос Анџелес, соопшти синоќа „Дејли мејл“.

Куќата се наоѓала во Пацифик Палисајдс, богата населба која најмногу настрада за време на катастрофалните пожари што со денови го пустошат овој дел од градот.

Според „Дејли мејл“ станува збор за куќа што вреди четири милони долари, со три спални соби, три бањи и панорамски поглед на океанот што Хантер Бајден ја изнајмувал за 15.800 долари месечно.

Претходно, по неговото пристигнување во Санта Моника, Калифорнија, каде денеска треба да биде информиран за последиците од пожарите, американскиот претседател Џо Бајден изјави, дека „не е сигурен за судбината на куќата на неговиот син“, но дека Хантер бил информиран дека е можно куќата да изгорела.

– Ова што се случува е неверојатно. Мојот син и неговата сопруга беа известени дека најверојатно нивниот дом е изгорен, но денеска изгледа дека можеби сè уште стои, иако не сум сигурен, изјави Бајден. кб/

 

Остани поврзан