• вторник, 24 декември 2024

Во карантин центар за згрижување на деца бегалци без придружба во Грција

Во карантин центар за згрижување на деца бегалци без придружба во Грција
Атина, 1 септември 2020 (МИА) – Поради регистрирани 28 позитивни случаи на Ковид-19, центар за згрижување на деца бегалци без придружба во атинска населба, од синоќа е во 14- дневен карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција соопштија дека одлуката е по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, а заклучно со 14 август 2020 година, забранет е влез и излез од конкретниот центар, со исклучок на вработените. Според медиумите во Грција, во центарот за грижа на деца бегалци без придружба, сместени се 40 деца, од нив 20 се заразени со коронавирусот, а осум од позитивните лица се вработени. ср/

Остани поврзан