• среда, 04 декември 2024

Во Кавадарци реализиран ликовен, поетски и музички перформанс

Во Кавадарци реализиран ликовен, поетски и музички перформанс

Кавадарци, 3 декември 2024 (МИА) - ,,Жената - мајка на патот од секојдневието до боженственото“, е насловен ликовно поетскиот и музички перформанс, што се реализираше вечерва во галеријата при Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци. На настанот беа изложени ликовни дела на кавадаречките ликовни уметници Лазар Дојчинов и Марина Убавкова. 

Во мултимедијалниот настан, свое учество зедоа и претставнички на Здружението ,,Вешти жени" од Кавадарци. 

Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова подвлече дека активностите се посветени на жените и мајките кои се многу важни. На нивната несебична мајчинска љубов. 

За артефактот ,,Големата мајка" на македонска територија, говореше писателот Тодор Богев. 

Дојчинов се заблагодари на локалната самоуправа, а Убавкова рече дека жената е вечна инспирација на уметниците и додаде дека таа инспирација доминира во нејзиното творештво. 

Поетесата Тодорка Андова ја прочита нејзината најнова песна со наслов ,,Мајка". свд/дма/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан